X
 04.10.2021 Живот

Два сребрени и два бронзени медали освоија наши ученици на Балканската олимпијада по физика

На третата Балканска олимпијада по физика, која се одржа од 24 септември до 2 октомври 2021 г., Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, и Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци освоија сребрени медали. Емилија Николовска, ученичка во втора година во „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје, и Сандра Недановска, ученичка во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје освоија бронзени медали.

Олимпијадата беше организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари. Поради пандемијата, Олимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На оваа олимпијада учество зедоа 57 ученици од Македонија, Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.

Ваквиот резултат преставува најголем успех на ученици од Македонија и на ДФРМ на една олимпијада по физика, пишува во соопштението од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот