X
 24.06.2024 Живот

Сребро, бронза и пофалница за македонските средношколци на Балканската олимпијада по физика

Македонските средношколци освоија сребрен и бронзен медал и пофалница на 6. Балканска олимпијада по физика, која се одржа во Никшиќ, Црна Гора, од 20 до 24 јуни 2024.

Искра Нечаковска, ученичка во втора година во СОУ гимназија „Јосип Броз-Тито“ во Битола, освои сребрен медал и награда за целосно решена задача; Марко Митевски, ученик во втора година при ДСУ Математичко-информатичка гимназија во Скопје, освои бронзен медал; Елена Трифуновска, која е втора година во ДСУ Математичко-информатичка гимназија во Скопје, зеде пофалница, а Даниел Христовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, зеде сертификат за учество.

Од Друштвото на физичарите изразија благодарност до водачите на тимот, проф. д-р Ламбе Барандовски, асс. м-р Ирена Златановска, Гоце Геговски, како и до тимот што ги подготвуваше олимпијците.

Оттаму им се заблагодарија и на родителите, кои финансиски го овозможиле учеството на оваа олимпијада.

7. Балканска олимпијада по физика идната година ќе се одржи во Македонија.


Фотографии: ДФРМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот