X
 07.11.2020 Живот

Што „гуглале“ Американците вечерта по гласањето?

Во тесната трка помеѓу претседателот Доналд Трамп и Џо Бајден, Американците наоѓале утеха во интернетот. Поточно, тие наоѓале утеха во брзата храна и алкохолот што ги порачувале преку интернет.

„Гугл трендс“, одделот за аналитика на пребарувачот „Гугл“, објави дека освен податоци за изборите, Американците многу „гуглале“ места на кои се продава помфрит и продавници за алкохол. Пребарувањата за помфрит и алкохол достигнале рекордно високи нивоа вечерта по изборите.

Најпопуларни пребарувања поврзани со храната биле за пица, кинеска храна, продавници за алкохол, суши и мексиканска храна.




Се зголемиле и пребарувањата за марихуана со оглед на тоа што повеќе сојузни држави ја легализираа марихуаната за рекреативна употреба.

Автор: Морган Фогарти
Извор: wccbcharlotte.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот