Иновативните образовни програми на Бреинстер, кои на илјадници поединци им овозможија подготовка на кариерен развој, преку совладување дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет, добиваат уште една голема вредност - сертификација од првиот акредитиран практичен ИТ-факултет - Бреинстер Некст колеџ
Заедница од над 11.000 алумни од 4 различни држави, мрежа од 150 инструктори и соработници од индустријата, над 100 домашни и интернационални компании што нудат пракса, реални проекти и вработување за студентите, 374 вработени студенти во 2021 година… Долга е листата на успесите на нашата највлијателна Ed-Tech организација,
Бреинстер (Brainster), која годинава го слави својот 7-ми роденден.
Своите иновативни образовни програми што на илјадници поединци им овозможија подготовка на кариерен развој, преку совладување дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет, добиваат уште една голема вредност - сертификација од првиот акредитиран практичен ИТ-факултет -
Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College).
Какво значење има оваа сертификација за академиите, каква вредност ќе им донесе на студентите и по што е различна од сертификатите на конкурентите, објаснува во интервју Александар Клашниновски, генерален менаџер на Бреинстер Некст колеџот и директор за човечки ресурси во Бреинстер.
Академиите на Бреинстер од септември 2022 година се сертифицирани од акредитирана високообразовна институција - Бреинстер Некст колеџот. Може ли подетално да ни објасните за што станува збор?
- Ние во Бреинстер Некст колеџот, како прв практичен ИТ-факултет во нашата држава, покрај 3-годишната додипломска студиска програма по софтверско инженерство и иновации, која е главно наменета за матурантите и сите оние што се заинтересирани да поминат низ формалниот високообразовен процес, решивме веднаш да влеземе во партнерство со нашиот основач Бреинстер. Целта е заеднички да ги понудиме и надградиме академиите на Бреинстер, како програми кои се фокусираат на стручно и професионално усовршување на студентите.
Овој тип програми за стручно и професионално усовршување се нудат од сите познати светски универзитети, како Харвард, Стенфорд, МИТ… и се попознати како continuing education и главната разлика од додипломските и последипломските студии е што се пократки и поспецијализирани. Се фокусираат на повозрасни студенти кои најчесто веќе почнале со професионална кариера без разлика на нивната образовна заднина.
Имајќи ги предвид искуството и одличните програми кои се дел од академиите што ги организира нашиот основач Бреинстер, одлучивме дека е најлогично заеднички да ги коорганизираме aкадемиите, со цел да ја искористиме синергијата на двете организации, при што студентите со успешно завршување на академиите ќе добијат два сертификати - еден од Бреинстер и еден од Бреинстер Некст колеџот. Академиите на Бреинстер стануваат единствени академии во Македонија кои се сертифицирани од ИТ-факултет, односно високоoбразовна институција, и само студентите на нашите академии добиваат сертификат издаден од акредитиран факултет.
Споменавте дека студентите ќе добиваат 2 сертификати. Може ли да ни ја објасните вредноста на овие документи?
- Како што напоменав претходно, по успешното завршување на академиите на Бреинстер, кои отсега ќе бидат заеднички организирани со Бреинстер Некст колеџот, студентите ќе добијат 2 сертификати - еден од Бреинстер и еден од Бреинстер Некст колеџот.
Вредноста на двата сертификати е огромна - од една страна, тие се признаени од индустријата, и тоа не само кај нас, туку и меѓународно со оглед на фактот дека 52% од нашите 100+ индустриски партнери кои вработуваат наши студенти се странски компании кои немаат присуство во државата. Од друга страна, со оглед на фактот дека се издава и сертификат од акредитирана високообразовна установа, односно факултет, истото претставува доказ дека курикулумот на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди. Наставните програми и курикулумите на сите 9 академии го поминаа строгиот и детален процес на академска ревизија од страна на професорите на Бреинстер Некст колеџот.
Во последно време на пазарот се појавија многу конкуренти со понуда од разни курсеви и академии за неформално образование. Сите нудат сертификати или дипломи од различни институции, па дури и од Министерството за образование и наука. По што се разликуваат сертификатите на Бреинстер академиите?
- Има неколку типови сертификации што се нудат на нашиот пазар од страна на другите компании што работат во ИТ-образованието. Еден тип сертификации нудат типови на кредити (дали европски или американски), но главниот предизвик кај тие сертификации е каде може да се употребат тие кредити. Тоа најчесто е нејасно и никаде не се споменува, па не може да се разбере која е нивната практична вредност и дали може некаде да се аплицираат овие кредити. На пример, студиските програми на нашиот факултет носат 180 ЕКТС-кредити бидејќи се работи за 3-годишни студии, меѓутоа, кредитите што се нудат од дел од академиите кај нас не се прифаќаат на нашиот факултет бидејќи не се усогласени со нашиот курикулум, така што претпоставуваме дека тоа би бил случајот и со другите факултети од Македонија или од странство.
Вториот тип сертификации се оние за кои се тврди дека се акредитирани од Министерството за образование и наука. Всушност, се работи за акредитација од Центарот за образование на возрасни која е посебна јавна установа основана од Владата и како институција, не е дел од Министерството за образование и наука. Центарот за образование на возрасни е тип „umbrella” или чадор-институција, која нуди акредитација на секаков тип организации што нудат доквалификација и преквалификација на возрасни. Тука можете да најдете автошколи, градежни компании, центри за странски јазици, како и голем дел од академиите што нудат ИТ-образование кај нас. Логиката на овој центар е слична со логиката на некогашните работнички универзитети (секако, хармонизирана со новите трендови и врз основа на ЕУ-регулативите) кои правеа match на понудата и побарувачката на пазарот на труд без разлика дали се работи за ѕидари, заварувачи, месари и друг тип кадри што ги бара пазарот на труд.
Третиот тип сертификација е оној што потврдува добивање квалификација за работа на определен софтвер од определена компанија или сертификација од одредено акредитационо тело. Овој тип сертификации ги подготвуваат студентите за работа на конкретниот софтвер и некогаш се барани од големите работодавци во странство, меѓутоа, предизвик кај ваквите сертификати е нивно често менување со секоја нова итерација на софтверите, така што тие цело време треба да се обновуваат за да не застарат. Многу често се случува овие сертификати да бидат исфрлени или да престанат да постојат со одлука на софтверската компанија. Од наше искуство, многу побитен фактор за работодавците е практичното знаење да се работи на некој софтвер, без разлика дали кандидатот има сертификат за него или не. Бидејќи, на крајот на краиштата, нашите партнери од индустријата секогаш ги тестираат потенцијалните кандидати и врз основа на таквиот практичен тест одлучуваат дали да ги вработат, а не врз основа на сертификацијата која се базира на тестирање кое најчесто се состои од теоретски прашања и не вклучува практични задачи.
Нашиот сертификат е единствен што се издава од акредитирана високообразовна институција, односно факултет кој е акредитиран и со дозвола за работа од Министерството за образование и наука, Одборот за акредитација и Агенцијата за квалитет на високото образование. Фактот што е издаден од акредитиран ИТ-факултет сведочи за академската ригорозност на академиите коорганизирани од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот и чест ни е што сме во рангот на најголемите универзитети во делот на continuing education, кој е доста развиен. Ние како применет (практичен) ИТ-факултет се фокусираме на continuing education програми, како академиите на Бреинстер кои се фокусираат на дигитални вештини, односно вештини кои се барани од ИТ-компаниите и секторот.
Ковид-пандемијата остави последици врз компаниите. Како пандемијата се одрази врз Вашата организација?
- Секако дека ковид-пандемијата, а и актуелната криза со инфлацијата и војната во Украина оставија и оставаат траги и врз нашата организација. Сепак, ние би сакале да се фокусираме на позитивните работи и она што го извлековме како позитивно од оваа криза е фактот дека процесот на дигитална трансформација многу се забрза. И тој, како во сите сфери, така и во нашата (edtech), односно образовна сфера, доведе до многу новини како фокус на онлајн образование кое овозможува учење без разлика на локацијата на која се наоѓаме, учење на LMS (Learning Management System) платформи каде што многу полесно се следи прогресот во учењето итн. Ова се две работи кои многу успешно ги имплементиравме во Бреинстер за време на кризата и успешно ги надградуваме цело време, со што цело време го подобруваме и искуството на студентите.
Уште една позитивна работа за нас како edtech компанија беше буквалната експлозија на користење најразлични софтвери и апликации во сите делови на животот, што доведе до огромна побарувачка на ИТ-кадри, што даде сигнал до голем дел од популацијата дека иднината е во овој сектор. Ова доведе до огромна побарувачка за нашите академии и беше и една од причините зошто го формиравме Бреинстер Некст колеџот, како прв практичен или применет ИТ-факултет кај нас.
Голем чекор и голема инвестиција што ја направи Бреинстер е секако основањето на Бреинстер Некст колеџ, кој практично почнува со работа во октомври. Што ново ќе понуди овој факултет, што можеме да очекуваме?
- Најпрво би почнал со концептот на финансирање „Студирај сега, плаќај по вработување“, кој е револуционерен, барем во наш, македонски контекст. Зошто сметам дека можеме да го употребиме овој силен збор? Бидејќи сме единствен факултет (приватен или државен) што нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите. Иако вакви проекти постојат во Европа и пошироко, зошто тврдиме дека ова е можеби единствен вакoв проект во Европа? Разликата е што ние им го нудиме овој модел на студирање на сите што ќе се квалификуваат да студираат на нашиот факултет. Ваквите модели во другите држави најчесто таргетираат дел од студентите на кои им се нуди оваа поволност (дали талентирани студенти или од ранливи социјални категории), додека оваа можност на Бреинстер Некст колеџ им се нуди на сите студенти што ќе се квалификуваат за него.
Секој потенцијален студент што е заинтересиран за студирање на Бреинстер Некст колеџот треба да го реши најпрво
тестот за компетенции, кој е составен од логички прашања и решавање математички и нематематички проблеми со цел да го одредиме потенцијалот на секој студент. Овој тест го аплицираме бидејќи не се водиме од успехот што го оствариле потенцијалните средношколци за време на средното образование, со оглед на фактот дека има огромна неконзистентност во квалитетот на наставата и тежината на оценките помеѓу различните училишта во Македонија.
Уште една уникатност е тоа што по дипломирањето, не се очекува целата сума веднаш да биде платена, туку ќе може да се плати до 36 рати. Ратата нема да биде повисока од 35-40% од почетната плата на софтверски инженер без искуство проектирана за 2026 година. И на крај, не само што сумата за школарина ќе може да се исплати на рати, туку истите ќе бидат и бескаматни, што овој модел на плаќање го прави фундаментално различен од т.н. student loans кои се широко распространети во САД. За сето ова да биде возможно, издвоивме 2,5 милиона евра инвестиција во наредните 5 години со цел да овозможиме пристап до квалитетно ИТ-образование за сите талентирани студенти, без разлика на нивните финансиски можности.
Што е друго уникатно за Бреинстер Некст колеџ - ние сме прв применет (практичен) ИТ-факултет во Македонија. Во сржта на факултетот се праксата и реалните проекти. Наставната програма на секој од предметите е создадена така што прво се определува што треба практично да знае студентот по положувањето на испитот, па потоа со reverse engineering метод се креира програмата, при што 50-70% од неа е практична (вклучувајќи ги и испитните задачи). Теоријата, пак, служи да ѝ даде контекст на праксата.
Како практичен ИТ-факултет, соработката со локалната и глобалната ИТ-индустрија е клучна уште од самиот почеток на функционирање на колеџот. Секој пролетен семестар еден од предметите претставува работа на реален проект, спонзориран и менториран од партнерска компанија од ИТ-индустријата.
Друга особеност на нашиот факултет е дека имаме професори кои се со академска заднина и искуство од индустријата од земјата и од странство. Имајќи ја предвид практичноста на Бреинстер Некст колеџ како прв таков ИТ-факултет во Македонија, нашите full-time професори се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата. Покрај нашите професори, дел од предметите ќе ги одржуваат предавачи кои се експерти од индустрија и кои како full-time вработени во нашите партнерски ИТ-компании ќе држат предмети кои се дел од нивната секојдневна работа и експертиза со цел да ги доближат тие предмети до студентите и да можат да им дадат слика како функционира тоа во реалната ИТ-индустрија. Покрај македонските професори и предавачи, дел од нашиот професорски тим ќе бидат и странски професори кои предаваат на реномирани странски универзитети и кои ќе држат предмети на факултетот со цел пренесување на најдобрите практики од странство кај нас. Покрај странските професори, како гостински предавачи ќе бидат и експерти и професионалци од најголемите глобални ИТ-компании како Meta (Facebook), Alphabet (Google), Apple, Amazon, Netflix итн. кои ќе држат гостински предавања на дел од предметите со цел нашите студенти да се сретнат со искуства од прва рака и да се здобијат со знаења од страна на професионалци кои работат на иновации и платформи што го движат светот.
Исто така, нашата методологија на учење е базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап. На студиската програма Софтверско инженерство и иновации, максималната квота на годишни студенти која ја побаравме и ја добивме од страна на Министерството за образование и Одборот за акредитација е 75 студенти. Причината за тоа е да се овозможи индивидуален пристап на секој студент и од страна на професорите и предавачите, меѓутоа, и од страна на нашиот тим за Student Success, како и од целокупниот тим на Бреинстер Некст колеџ. Практичниот начин на учење изискува работа во мали групи и тимови со цел подобро стекнување на знаењата предвидени со секој предмет и успешно имплементирање и завршување на реалните проекти. Поради тоа, нашиот професорски тим ќе има менторски пристап спрема студентите, каде што целта ќе биде тие да се предизвикаат да го дадат најдоброто од себе, за по завршувањето на студиите да бидат подготвени за предизвиците што ги очекуваат во глобалната ИТ-индустрија.
Последната особеност што би ја издвоил (има уште многу, меѓутоа, би сакале да се фокусираме на најважните) е постоењето на Student Success тим на нашиот факултет наместо класична студентска администрација. Како ИТ-факултет, целосната студентска администрација во Бреинстер Некст колеџ ќе се одвива електронски на нашиот интерен Learning Management System. Секој од студентите ќе си има свој студентски профил, електронски индекс, бележењето на присуствата ќе се врши со QR-кодови, пријавувањето на испитите ќе биде електронско, со цел овозможување непречено студентско искуство, како и намалување на употребата на хартија секаде каде што е можно. Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“, факултетот ќе има Student Success тим, чија цел ќе биде да ги следи и помага студентите за време на целото нивно академско патување.
Сите овие особености се фокусираат на креирање најдобро можно студентско искуство кое ќе овозможи за неколку години да можеме со гордост да кажеме дека најдобрите ИТ-инженери дипломирале на Бреинстер Некст колеџ.
Останувате верни на Вашата традиција - создавање кадар за ИТ-компаниите. Но, колку кај нив има слух за соработка со образовни институции, какво е Вашето искуство?
- Ние сме целосно задоволни од одѕивот на ИТ-компаниите и имаме одлично искуство со нив. Тука многу ни помага одличното искуство и мрежата на нашиот основач Бреинстер, кој има потпишано соработка со 100+ македонски и интернационални компании кои вработуваат студенти од нашите академии и кои нудат реални проекти за нашите студенти за време на нивното студирање на академиите. Би сакал да напоменам дека во 2021 година успеавме да вработиме 374 студенти кај овие партнерски компании што укажува на одличната соработка меѓу нас и ИТ-индустријата.
Ние како Бреинстер Некст колеџ, покрај што имаме пристап кон целата мрежа на партнери на нашиот основач, уште од самото наше формирање потпишавме над 10 меморандуми за соработка со ИТ-компании кои ќе нудат реални проекти и вработување на нашите студенти, при што би сакал да го издвојам и првиот интернационален партнер на Бреинстер Некст колеџот,
tech фирма од Берлин која ќе нуди пракса и работа на нашите студенти во нивните простории во Берлин. Дел од овие компании веќе се презентираа пред нашите студенти за време на
отворениот ден и кариерниот ден, кои ги организиравме на Бреинстер Некст колеџот во изминатиот период. Така што, би констатирал дека ИТ-компаниите и кај нас и интернационалните имаат огромен слух и подготвеност за соработка со образовни институции како Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ. Би напоменал само дека основен предуслов за ваквата соработка е креирање квалитетни ИТ-кадри бидејќи оваа професија е многу меритократска, односно веднаш може да се тестира знаењето на дипломираните студенти. Напишаниот код или работи или не работи, тука нема никаква средина.
(Комерцијална објава)