X
 27.01.2023 Живот

Совршен спој од креативност и технологија! Што ја прави уникатна новата студиска програма на Бреинстер Некст колеџ

Програмата е идеална за студенти што ги влече креативниот и истражувачки дел од трите области кои првпат се дел од иста студиска програма - ИТ, дизајн на корисничко искуство/интерфејс и графички дизајн

Само една година по основањето, првиот практичен ИТ-факултет во земјава, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), ќе го збогати својот опус со нова и уникатна додипломска студиска програма - Примена на ИТ - UI/UX и графички дизајн - која во моментот е во процес на акредитација.

Програмата е совршен спој на креативност и технологија, односно е идеална за студенти што ги влече креативниот и истражувачки дел од оваа област. По дипломирањето студентите ќе може да работат како УИ-дизајнери (дизајнери на кориснички интерфејс), УХ-дизајнери (дизајнери на корисничко искуство), графички и веб-дизајнери, фронтенд програмери… Од факултетот објаснуваат дека студентите ќе се стекнат со голем број вештини и технологии, отворајќи им ја вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет.

Ова е единствената програма што ги комбинира изучувањето на информатичката технологија и дизајнот на корисничкото искуство/интерфејс со принципите на графичкиот дизајн. Таа ги подготвува студентите за кариери во ИТ-индустријата или други улоги во технолошката индустрија кои вклучуваат создавање дигитални производи кои се прифатливи за корисниците и се визуелно привлечни.

Акредитираниот факултет, кој почна со работа минатата академска година, имаше успешен уписен рок на програмата Софтверско инженерство и иновации и првпат во регионот понуди револуционерен модел за финансирање на студиите – „Студирај сега плаќај по вработување“.
Повеќе за новата студиска програма, до каде се подготовките, како и тоа зошто се одлучиле да им ја понудат оваа програма на матурантите и идните студенти годинава дознаваме од Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот, и Ема Кастратовиќ, академски координатор.

Покрај студиската програма Софтверско инженерство и иновации, за новата академска година подготвувате уште една програма, Примена на информациски технологии - Дизајн на кориснички интерфејс/искуство и графички дизајн. Зошто се решивте да понудите ваква опција?

Александар Клашниновски: Одлуката да ја понудиме оваа програма, која е уникатна во нашата држава, се базираше на екстензивна анализа. Прво ја анализиравме понудата на вакви кадри на нашиот пазар, при што одржавме средби со дел од нашите партнери од ИТ-индустријата (македонски и интернационални компании) за да дознаеме колку лесно се наоѓаат овој тип кадри кај нас, а исто така направивме квантитативна и квалитативна анализа на резултатите и исходите од академиите за графички дизајн и UI/UX кои ги организира нашиот основач и мајка фирма - Бреинстер (Brainster) во делот на вработливоста на нашите студенти и успешните приказни.


Александар Клашниновски

Потоа се фокусиравме на анализа на делот на побарувачката на овој тип кадри, каде што покрај средби со нашите партнери од ИТ-индустријата, направивме анализа на над 100 огласи за работа за графички дизајнери и UI/UX дизајнери објавени кај нас и интернационално за да определиме кои точно знаења, вештини и компетенции се бараат од страна на компаниите. Третиот дел од нашата анализа ги опфати овој тип додипломски програми од најдобрите факултети и универзитети во Европа и во светот, со цел нивна евалуација и пресликување на најдобрите практики кај нас, секако, адаптирани на нашите услови и барањата на компаниите. На крај, нашата анализа ја завршивме со евалуација на понудата на овој тип додипломски програми во Македонија, при што заклучивме дека иако постојат две додипломски програми во делот на графички дизајн, тие се во поинаква насока од тоа што е потреба на ИТ-индустријата која изискува кадри кои имаат практични знаења и вештини за работа со повеќе софтверски алатки и примена на информатичка технологија во делот на графичкиот дизајн. Исто така, заклучивме дека она што е понуда на нашиот пазар воопшто не го вклучува делот на UI/UX (дизајнирање на кориснички интерфејс и искуство) или е само површно опфатено преку еден предмет.

Заклучокот од нашата анализа е дека моментално на нашиот пазар нема ваков тип практична додипломска програма која ги опфаќа и UI/UX дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области, која се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие делови и која ќе понуди дипломирани студенти кои ќе поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.
Имајќи ги предвид резултатите од горенаведената анализа, се одлучивме да ја оформиме и понудиме оваа студиска програма, и таа во моментот е во процес на акредитација од страна на Одборот за акредитација на високото образование.

Веќе споменавте дека ваква студиска програма нема на нашиот пазар. Може ли да ни споделите нешто повеќе за курикулумот?


Александар Клашниновски: Ова е единствена и уникатна додипломска студиска програма кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UI/UX дизајнот, фронтенд програмирање, 3Д-моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање практични предизвици и работа со мали групи студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа, таа е во служба на праксата на нашиот колеџ.

Курикулумот на програмата е креиран во консултација со нашите партнери од ИТ-индустријата, при што во него се вклучени голем дел од барањата на компаниите, како и најдобрите искуства од најпознатите светски универзитети во делот на графички и UI/UX дизајнот.

Во првата година ќе се фокусираме на изучување на графичкиот дизајн, што ќе опфаќа предмети и софтвери кои се изучуваат на најдобрите светски универзитети, адаптирани на потребите на индустријата и компаниите кои вработуваат вакви кадри. На крајот од првата година, последниот предмет е работа на реален проект во делот на графичкиот дизајн, за реален клиент каде што се синтетизираат сите практични вештини, како и теоретски знаења добиени од предметите кои се изучуваат и тие се применуваат во реална средина. Ова ќе ги подготви студентите за работа во реални услови и веднаш да бидат спремни за пракса во нашите компании партнери.



Во втора година фокусот е на предметите и софтверите кои се дел од UI/UX дизајнот и кои се изучуваат на начин и секвенција што ќе им овозможи на студентите полагање на последниот предмет од оваа година, кој слично како и во прва година, е работа на реален проект во делот на UI/UX за клиент. Трета година фокусот е на изучување на фронтенд програмирање (HTML, CSS и JavaScript) кое е must за сите модерни графички и UI/UX дизајнери согласно анализираните огласи за работа, потоа изучување анимација, 3Д-моделирање, како и дизајн на игри, една од најперспективните професии во регионот и светот.
Со овој курикулум, под услов успешно да се совлада, подготвени сме да им гарантираме вработување на сите успешно дипломирани студенти на оваа додипломска студиска програма на нашиот колеџ.

Каков наставен кадар ќе предава на новата програма? Што е специфично за вештините што ги поседува кадарот што ќе пренесува знаење?

Ема Кастратовиќ: Наставниот кадар кој ќе ја спроведува програмата е сочинет од професори кои се реномирани експерти во ИТ-индустријата, односно во делот на UI/UX и графички дизајн, не само во нашата држава туку и во странство, и имаат долгогодишно и практично искуство покрај академската титула која ја поседуваат.

Во оваа насока, професорите кои се дел од редовниот наставен кадар се грижат не само за пренесување на зададената материја во рамките на еден предмет или, пак, дел од програмата, туку се грижат и за пренесување на нивните стручни знаења и меки вештини стекнати во текот на нивното долгогодишно искуство како професионалци во областа на ИТ-секторот.

Од голема важност е да се посочи дека покрај нивното професионално портфолио и академски достигнувања, нашите професори се воедно и исклучителни предавачи, кои индивидуално ќе се посветуваат на менторирање на секој од студентите при изведбата на практичната настава и работата на реалните проекти. Покрај редовните професори и експертите од ИТ-индустријата, а со цел да се даде дополнителна интернационална димензија на наставата, ќе бидат вклучени и гости предавачи во рамките на одредени предмети од глобални ИТ-гиганти, како и претприемачи и професори од познати светски универзитети.


Ема Кастратовиќ

Бреинстер Некст колеџ е практичен ИТ-факултет, што значи дека многу се обрнува внимание на праксата и реалните проекти во програмите. Како овој практичен дел ќе се преслика и во примена на ИТ - UI/UX и графички дизајн?

Александар Клашниновски: Оваа студиска програма ќе се изучува на практичен начин преку здобивање практични вештини за работа на повеќе видови софтвери во делот на UI/UX дизајн, графички дизајн, анимација, 3Д-моделирање, како и изучување фронтенд прогрaмски јазици како технички вештини кои компаниите ги бараат во огласите за работа за графички и UI/UX дизајнери, не само во Македонија туку и глобално.
Пример, во текот на прва година, покрај другите предмети, се изучува како да се работи во Adobe Illustrator во делот на векторска графика. Потоа се изучува растерска графика во Adobe Photoshop, како и компјутерска подготовка на печатени и дигитални медиуми во Adobe InDesign. Сите овие софтвери заедно со стекнатото знаење и вештини од останатите предмети се имплементираат во предметот базиран на имплементација на реален проект кој ќе им овозможи на студентите да работат во реална околина, со реален клиент и предизвици што ќе ги подготви веднаш по дипломирањето, па дури и пред дипломирањето да бидат подготвени да започнат со работа во компанија или пак да си формираат своја компанија.

Во втора година ќе се запознаат со софтверите Figma, Figjam, како и со алатки за квантитативна анализа како Excel и Google Sheets, кои се неопходен дел од арсеналот на вештини на еден модерен UI/UX дизајнер.
Во трета година ќе се запознаат со фронтенд програмските јазици како HTML, CSS и JavaScript кои компаниите ги бараат од графичките и UI/UX дизајнерите за да можат да го сфатат целиот концепт на креирање веб-страници, апликации и други типови софтвери за кои ќе креираат графички решенија, интерфејс и корисничко искуство. Понатаму ќе го изучуваат софтверот Adobe After Effects, кој е еден од водечките софтвери во делот на анимација, како и соодветен софтвер за 3Д-моделирање.

Сите овие софтвери и вештини, исто како во прва година, покрај што ќе се изучуваат практично за време на соодветните предмети, ќе бидат имплементирани во реални проекти на крајот на секоја година и како дел од дипломската теза што ќе им овозможи на нашите студенти all-round практични знаења и вештини барани на пазарот на труд, што ќе им овозможи веднаш да ја започнат својата ИТ-кариера како графички или UI/UX дизајнери.

Веќе споменавте дека ова е област што е барана на пазарот на труд, но што ќе може да се работи по дипломирање, колку се платени овие вештини?

Ема Кастратовиќ: Резултатите од истражувањето на ИТ.мк покажаа доста шаренолики резултати во овој дел, иако треба да се напомене дека во делот дизајн, бројот на испитаници беше прилично мал споредено со бројот на испитаници во другиот дел на анкетата. Ова истражување покажа дека просечната нето-плата на овој тип кадри кои работат во претставништво на странска компанија кај нас е 59.000 денари, оние што работаат remotely за домашна компанија е 60.000 денари, додека просечната нето-плата на вработените кои работаат remotely за странска компанија која не е базирана во Македонија е 90.000 денари. За жал,

Државниот завод за статистика сѐ уште не ги води овие професии како посебни.
Во овој дел е важно да се напомене дека 53% од партнерите од индустријата на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот се странски компании кои remotely вработуваат наши кадри да работат за нив. Заедно имаме над 150 партнерски компании од ИТ-индустријата.

Повеќе информации за студиските програми на Бреинстер Некст колеџ може да најдете на овој ЛИНК.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот