Квалитетно образование за вработување, учење преку реални проекти, професионални предавачи со искуство од индустријата и опсесивна грижа за студентите, се само дел од предностите што ги нуди водечката едукативно-технолошка организација
Бреинстер (Brainster) изминативе осум години. Во соработка со партнери-донатори, Бреинстер постојано го иновира образованието, како и своите образовни програми, нудејќи пионерски хибридни можности за учење кои им овозможуваат на студентите самостојно да ја управуваат својата образовна оска, со индивидуално темпо преку флексибилна и достапна средина за учење.
Преку напредните едукативни програми на Бреинстер, адаптирани на динамичните промени во ИТ-индустријата, досега поминаа над 11.500 студенти, стекнувајќи се со вештини за кариерна трансформација и компетенција во ИТ-секторот. Како иновативна новина, Бреинстер воведе и кариерен модул преку кој ги подготвува студентите за успешен почеток на својата кариера.
734 вработувања само во последниве две и пол години
Преку својот тим
„Партнерства“ им овозможува на студентите стекнување искуства на реални проекти, организира хакатони и креира берза на таленти, со што ги поврзува со компаниите. Бреинстер има соработка со над 150 компании од земјава и од странство.
- Партнерствата се обостран процес. Преку размена на идеи и заедничка работа на проекти, црпиме информации за тоа каков треба да биде „идеалниот“ студент. Врз база на тоа ги креираме нашите програми и ги подготвуваме студентите за работа во реалниот сектор. Ова е вин-вин ситуација – студентите учат преку работа, а клиентите добиваат ултра иновативни решенија за нивните проекти, како и професионален кадар. Нашите програми се базирани на концептот „education for employment“. Ова значи дека се креирани и посветени на практични вештини или квалификации кои се најбарани на пазарот на трудот во моментов. Ние во Бреинстер го нарекуваме тоа вработливост – поради опсесивната посветеност кон зголемување на коефициентот на вработливост на нашите студенти - вели Јана Тодоровска, тим- лидер на „Партнерства“.
Таа објаснува дека до овој коефициент на вработливост стигнуваат преку едукативни програми фокусирани на работа на реални проекти и паралелно развивање на т.н. меки вештини кај студентите. Тоа подразбира градење на комуникациските вештини: активно слушање, структурирано говорење, преговарачки вештини, мотивација и друго. Дополнително, Бреинстер на студентите им помага да го подготват своето портфолио за да бидат забележани од партнерските компании.
Благодарение на ова, само во изминатите две и пол години се реализирани дури 734 вработувања на студенти од Бреинстер.
- Овој податок не го гледаме само како бројка, туку го гледаме како 734 индивидуалци чиј живот се променил со тоа што ја постигнале својата главна цел – успешна кариерна трансформација - објаснува Тодоровска.
Соработка со стартапи, но и со големи софтверски компании
Партнерствата помеѓу Бреинстер и компаниите се долгорочни и не се фокусирани само на реализирање на вработувања, туку и на поддршка на студентите додека студираат. Компаниите со кои соработуваат не се само пасивни учесници во процесот на едукација и раст на студентите, туку се составен дел од целокупното искуство кое го нуди Бреинстер. Овие партнерства се преточуваат во соработки на реални проекти, хакатони, настани за вработување и сè што е потребно студентот да се изгради во комплетен професионалец – со одлично теоретско и практично знаење.
- Нашите партнери за вработување се од различни формати и области - од мали стартапи на кои сме им помогнале со оформување целосен тим од јуниор таленти, па сè до големи интернационални софтверски компании чии летни практикантски програми редовно ги пополнуваме - објаснува Јана.
Алумни-студентите од академиите на Бреинстер, како и студентите од првиот практичен ИТ-факултет
Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) имаат реализирано повеќе од 300 реални проекти кои се имплементираат во заедницата и кои носат вредност за граѓаните. Во основата на голем дел на проектите е „tech for good“, односно користење технологија за да се стигне до вистинска промена. Често соработуваат и со невладини организации, граѓански иницијативи и институции, како: Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Донирај компјутер, еко-стартапот Реди рециклажа, Специјална олимпијада Македонија, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Универзитетското студентско собрание на УКИМ, скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ и многу други.
Хакатон за апликација за пријавување загадување на воздухот
Од проектите за доброто на заедницата, најактуелен е Air Care – хакатонот, на кој студентите на Бреинстер ја креираат апликацијата Breathe.mk. Оваа апликација, која во иднина ќе ја користат граѓаните, ќе овозможи следење и пријавување загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје.
- Нашата компанија се залага да креира општествено одговорни проекти кои даваат позитивен придонес за заедницата. Како организација, веруваме во инвестирање во дигитални решенија и апликации што ќе прават добро за заедницата, а исто така веруваме дека нашите студенти ќе ги креираат тие решенија. Се надевам дека сите заедно со овој хакатон ќе придонесеме Скопје, а и цела наша држава да дише почист воздух - изјави Тодоровска.
Благодарение на ваквиот иновативен пристап во образованието, Бреинстер не само што доживеа значителен раст со текот на годините, туку и ја зацврсти својата позиција како пионерска едукативно-технолошка организација во Македонија.
(Комерцијална објава)