Овој уникатен и револуционерен модел на финансирање на студиите го нуди Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас
Дали знаете дека во Македонија постои факултет на кој може да се студира за 0 денари, а да се плати за студиите откако студентот ќе дипломира или ќе се вработи?
Овој уникатен и револуционерен модел на финансирање на студиите го нуди
Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College), првиот акредитиран практичен ИТ- факултет кај нас. Студискиот курикулум е креиран според најновите ИТ-трендови во индустријата, со фокус на практична примена на модерни алатки и cutting-edge технологии при учењето.
„Студирај сега, плаќај по вработување“, уникатна и единствена поволност за секој иден студент
Со финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, секој студент може да ги започне студиите без да мора да се грижи за финансискиот товар од плаќањето за образованието однапред. А што е најдобриот дел? Сите трошоци за студиите може да се отплаќаат по дипломирање или вработување, на месечни рати без камата.
Но, оваа поволност е достапна само ако апликантите го решат компетитивниот тест кој веќе е достапен и ќе биде отворен до 22 мај.
- Со оваа поволност на идните студенти им ги отвораме вратите кон врвно апликативно практично образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера. Вака ја тргаме примарната грижа на студентите и нивните родители околу финансиите, со цел да можат да се посветат исклучиво на студирањето - вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.
Александар Клашниновски
На Бреинстер Некст колеџ е имплементирана современа методологија на учење, преку практична работа, пракса во компании, работа на решенија и реални проекти во текот на тригодишните студии.
Студентите ќе имаат пристап до кариерно советување и насочување за вработување, самовработување и други можности по дипломирањето.
Бреинстер Некст колеџ, како прв применет ИТ-колеџ во државата, на идните студенти ќе им понуди акредитирани тригодишни студии по Софтверско инженерство и иновации, а во оваа академска година ја подготви и новата програма - Примена на информациски технологии-дигитален дизајн и интерактивни технологии, која е во процес на акредитација.
Тригодишните студии и за двете програми носат 180 ЕКТС и диплома со стручен назив: дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации, односно дипломиран инженер по дигитален дизајн и интерактивни технологии.
- Местата на нашиот факултет се ограничени со цел работење во мали групи и посветување соодветно внимание на секој студент, од запишувањето до неговото вработување - вели Клашниновски.
Тестот за компетенции е отворен до 22 мај
Основен услов за студентите да се стекнат со поволноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е да го поминат тестот за компетенции кој ќе биде достапен до 22 мај. Клашниновски додава дека со тимот цврсто веруваат дека со цел да ја остварат нивната мисија и да овозможат квалитетно образование, потребно е да бидат во иста линија со очекувањата, способностите и афинитетите на нивните студенти.
- Поради тоа, ние не користиме стандарден приемен испит, туку тест за капацитети и способности кој ќе ни укаже и нам како институција и на идните студенти дали Бреинстер Некст колеџот е вистинскиот избор за нив. Исто така, би сакал да нагласам дека не ни се важни претходните оценки на матурантите, ниту пак резултатите од државната матура бидејќи уписот не ни се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд на кандидатите, туку на компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува - вели Клашниновски.
Поддршка за време на студирањето од секаков аспект
Оваа година матурира генерацијата која беше соочена со низа предизвици уште од самиот почеток на нивното образование, од ковид-пандемијата до онлајн-настава…
- Свесни сме за предизвиците што со себе ги носи оваа генерација на матуранти, потребна им е поддршка од повеќе аспекти, поддршка која ние сме подготвени да им ја понудиме со максимална посветеност. Не само што ќе овозможиме висока вработливост и подготвени студенти, туку ќе им помогнеме во целиот процес за време на студирањето. Нашиот тим за кариерно советување, тимот за следење на нивниот прогрес, ќе работат со студентите на сите полиња каде што ќе има потреба, од запишување до следење на резултатите, ефективноста во секој предмет и помош при совладување на препреките - вели Ема Кастратовиќ, академски координатор на Бреинстер Некст колеџ.
Оваа година, покрај додипломската акредитирана студиска програма по Софтверско инженерство и иновации,
Бреинстер Некст колеџ ја нуди и
новата студиска програма Примена на информациски технологии-дигитален дизајн и интерактивни технологии, која е во процес на акредитација.
Двете програми се конципирани на начин кој ќе им овозможи на студентите практична подготовка за нивната идна кариера.
- Новата додипломска програма е единствена и уникатна кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UX/UI дизајнот, фронтенд програмирање, 3Д-моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет, што значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање практични предизвици и работа со мали групи студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа, таа е во служба на праксата на нашиот колеџ - објаснува Клашниновски.
Преку оваа програма студентите ќе учат софтверски програми, апликации и програмски јазици на практичен начин.
- Ова се идентични програми со оние што ги употребуваат најголем дел од компаниите. Со ова ќе се надмине една од најголемите забелешки што ја има индустријата во однос на дипломираните студенти кај нас, односно студии базирани на теорија, немање практично искуство и учење на застарени концепти - вели Кастратовиќ.
Менторство низ целиот процес и индивидуален пристап кон секој студент
Студентите ќе имаат пристап до кариерно советување и насочување кон вработување, самовработување и други можности по дипломирањето. На располагање имаме цел тим кој е одговорен за следење на прогресот на студентите, за работа на реални проекти, пракса и вработување.
- Сето она што го имплементиравме низ годините со
Бреинстер, всушност, го насочуваме и кон работата на Бреинстер Некст колеџот. Фокусот го држиме на тесна соработка со компаниите кои се лидери во својата бранша за поставување адекватни цели на учење, развој на реални производи, работа на реални проекти и овозможување на практична работа во текот на студиите. Нашата крајна цел е по завршување на студиите студентите да бидат целосно оспособени за нивните професионални почетоци, а компаниите да добијат подготвен кадар кој веднаш ќе знае да се носи со работните предизвици - вели Јана Тодоровска од тимот Partnerships на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ.
Тестот за компетенции, кој е шанса за сите идни студенти на Бреинстер Некст колеџ да учат без трошоци до дипломирањето или вработувањето, е отворен до 22 мај. За првите тројца најдобри на тестот што ќе се запишат на факултетот следуваат награди - лаптоп, таблет или блутут-слушалки.
Местата за двете студиски програми на Бреинстер Некст колеџ се ограничени. Повеќе информации за студиските програми може да се најдат на овој
линк, а тестот за компетенции е достапен
ТУКА.
(Комерцијална објава)