Станбената криза во Луксембург принудува сѐ повеќе луѓе родени во таа земја да се преселат во некоја од соседните држави бидејќи за многумина не постојат шанси некогаш да поседуваат куќа во својата земја.
Околу 70.000 граѓани на Луксембург веќе живеат во соседни земји, како Белгија Франција и Германија. Најмногу ги има во Франција, каде што живеат 28.000 жители на Луксембург.
Во францускиот град Оден ле Тиш бројот на граѓани од Луксембург се зголемил за над 75 отсто од 2013 до 2018 година. Во истиот град уште повеќе се зголемил бројот на португалски граѓани, за 134 отсто во истиот период.
Порастот на емиграцијата на жителите на Луксембург довел и до поскапување во соседните региони. Меѓутоа, и покрај тоа, овие региони се поевтини од Луксембург. Цените на становите во Луксембург се зголемиле повеќе од двојно во последните 10 години.
Еден просечен стан во Луксембург чини над 660.000 евра во моментов.
Младите жители на Луксембург одат и чекор подалеку и по студиите одлучуваат да останат во земји како Велика Британија и Германија бидејќи не може да си дозволат сместување во родната земја.
Извор:
Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay