Недалеку од Сицилија постои земја чии 300 квадратни километри се дом на нешто помалку од половина милион луѓе и е една од најмалите, но и најгусто населени земји во светот.
Со идеална клима во секое време од годината, често се нарекува рај на земјата. Ако на тоа ги додадете богатата култура и прекрасната природа, како и големото гостопримство на локалното население, тогаш имате совршена земја.
Но, што ја прави Малта интересна за туристите?
Главниот град Валета се наоѓа на истоимениот полуостров на истокот на Малта. Стариот дел на Валета е опкружен со високи ѕидови, а во него се истакнува црква со прекрасна купола. Градот бил основан во 1565 година по големата опсада на Малта, кога бил изграден како тврдина од малтешките витези.
Богата историја
Малта е земја со богата историја бидејќи животот таму датира уште од камена доба. Мегалитските малтешки храмови што можете да ги посетите се стари и до 7.000 години, а неколку од нив се на списокот на светско наследство.
Освен што можете да ги посетите и да научите за најстарите храмови во Европа или за богатата историја од 16 век, Малта нуди и можност за одлично ноќно излегување, благодарение на малиот град Св. Џулиен. Познат е и по големиот избор на модерни луксузни дуќани, различни ресторани, кафулиња и клубови.
Фото: Freepik