X
 04.11.2022 Технологија

Остатоци од кинеска ракета треба да паднат на Земјава викендов

Кина ја гради својата вселенска станица во орбитата и отпад од изградбата треба да падне на Земјава оваа седмица.

Кина испратила голем модул во орбитата за да ја прошири вселенската станица „Тјангонг“, но остатоците од ракетата што го однела модулот сега паѓаат кон Земјата.

Ракетата тежи над 20 тони, но се очекува голем дел од неа да изгори во атмосферата при влезот. Сепак, веројатно е дека дел од неа ќе помине низ атмосферата и ќе падне на површината.

Според пресметките, паѓањето на отпадот треба да се случи в сабота или в недела според средноевропско време. Меѓутоа, не се знае локацијата на која ќе падне.

Кинески вселенски отпад претходно паѓал на Земјата во 2020, 2021 и годинава.


Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија