Многумина ќе се согласат дека Балканците се снаодливи. Тоа го покажува и видео од еден Балканец кој бара пиле во Германија.
Тој се снимал додека се движел низ супермаркет и објаснил во видеото дека не знае како се вика пиле на германски јазик, па тогаш се сетил на интересна идеја. Зел јајце и прашал вработено лице во супермаркетот „Каде е мама?“, покажувајќи го јајцето.
Секако, идејата била успешна и тој бил упатен до делот за месо во супермаркетот. Видеото бргу станало вирално на „Тик-ток“ и има милиони прегледи.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay