X
 23.03.2017 Наука

Пронајдено мистериозно виолетово јајце на дното на морето


Виолетово јајце на дното на морето
(Фото: Twitter/oceanexplorer)

Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) на дното на морето откри мистериозно јајце со виолетова боја.

„Јајцето“ е пронајдено на длабочина од 1.840 метри под морското ниво, во близина на островот Бејкер. Нуркачите кои го пронашле ова мистериозно  јајце го сликале и фотографијата ја поставиле на „Твитер“, со барање од интернет заедницата да погоди за што всушност станува збор.

Одговорите биле најразлични: велигденско јајце, вид на морско лале, јајце од ајкула, јајце од октопод и така натаму.

Прашањето секако предизвика значителен интерес, но истражувачите сè уште не сакаат да окријат за што се работи, пишува Russia today.


Овде можете во живо да следите што се случува под морската површина:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука