Документарниот филм „Овде зборува Зодијак“ (англ. „This Is The Zodiac Speaking“) моментално е втор најгледан на светската топ-10 листа на „Нетфликс“, а ја раскажува приказната за најпознатиот нерешен случај на убиство во американската историја.
Документарецот има три дела, во режија на Ари Марк и Фил Лот, а прикажува како Артур Ли Ален долго време бил осомничен дека бил озлогласениот убиец што ја тероризирал областа во заливот Сан Франциско во 60-тите и 70-тите години.
Имало пет жртви за кои се знаело дека ги убил Зодијак, но писмата што тој ги испратил до весниците во Сан Франциско, заедно со шифрирани пораки кои биле само делумно дешифрирани, тврделе дека убил десетици.
Како што е наведено во синопсисот, пет децении подоцна, едно семејство се јавува за да ја раскаже својата приказна и да открие досега невидени докази, како и да го претстави својот став за човекот за кој детективите кои работат на случајот се согласуваат дека е единствениот осомничен за овие злосторства.
Серијата го достигна второто место на светската топ-листа со најгледани, а ја раскажува приказната за животот на Ален, кој почина во 1992 година.
Иако имало многу теории поврзани со идентитетот на Зодијакот, единствениот осомничен што некогаш бил јавно именуван бил Артур Ли Ален.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube