Не би требало да има виножита на Марс бидејќи атмосферата на таа планета е многу посува од Земјината. Затоа, новата фотографија направена од роверот „Персевиренс“ на НАСА е фасцинантна. На фотографијата се гледа нешто што личи на виножито, но не е тоа. Тогаш што е?
Метеоролозите претпоставуваат дека станува збор за „лак од прашина“, односно одраз предизвикан од прашина наместо од водни капки.
Друга можност е дека лакот воопшто не се појавил на небото, туку претставува прекршување предизвикано од елементи во леќата на камерата на роверот.
За време на поранешен настан на НАСА, вработени во агенцијата зборувале за можноста за појавување „лакови од мраз“ над хоризонтот на Марс кои претходно биле фотографирани од мисијата „Патфајндер“ во доцните 90-ти години. Леталото фотографирало повеќе облаци на небото за кои се смета дека биле предизвикани од ледени честички.
Слични феномени може да се појават и на други планети. Во атмосферата на Титан, месечината на Сатурн, има доволно течен метан за да се создаде виножито, но тоа е многу малку веројатно поради недостигот на директна сончева светлина.
На Венера, капки од сулфурна киселина во атмосферата може да предизвикаат светлински феномени што наликуваат на виножито.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com