X
 20.02.2021 Технологија

Во Дубаи е отворено роботско кафуле

Веројатно нема побезбедно кафуле од она во Дубаи во кое гостите ги служат роботи.

„Робокафе“ им нуди уникатна можност на посетителите да прават нарачки, а роботи потоа ги подготвуваат и ги носат пијалаците и храната на масите. Нарачките се прават преку интернет.

Идејата е интересна и корисна во време на пандемија. Кафулето функционира самостојно, а во него работат луѓе само кога има проблеми или за чистење на површините.



Роботите што ги подготвуваат пијалаците биле направени во Германија, додека автономните роботи за послуга се дизајнирани и произведени во Обединетите Арапски Емирати.



За изградбата и подготовката на кафулето биле потребни две години, а неговото отворање првично било закажано за март минатата година. Отворањето било одложено поради пандемијата, но кафулето конечно било отворено во јуни кога владата во Обединетите Арапски Емирати ги попуштила мерките за заштита од коронавирусот.

Извор: weforum.org
Фото: Принтскрин/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија