X
 02.09.2017 Наука

Научниците откриле клетки што имаат огромна улога во човековиот мозок

Мозокот не би бил ни половина од тоа што е ако не постоеја помошните клетки наречени „глиа“.

фото извор: Vilaiwan M Fernandes, Desplan Lab, NYU's Department of Biology

Во минатото научниците се фокусирале само на невроните како клучни за функционирањето на мозокот. Сега изгледа дека глиа клетките имаат поголема улога. Мал тим од научници од Универзитетот во Њујорк анализирал како се развива нервниот систем кај животните, односно кај специфичен вид муви, за да види како деливите клетки циркулираат, задолжени за мапирање на светлината која паѓа над сензорните нерви. Научниците откриле дека клетките што стојат во заднината всушност имаат активна улога во процесот.

Глиа клетките доаѓаат во различни форми, но сите се посветени на помагање на невроните да ја завршат важната задача за пренесување на брановите на електрохемијата. Се работи за речиси половина од комплетниот број клетки во мозокот.

Името произлегува од грчкиот збор за лепило, но се покажува дека тие прават многу повеќе отколку само формирање скеле за држење на нервите, како бришење на несаканите хемикалии, обезбедување пристап за хранливите материи и нудење заштита. Студијата открива дека фундаменталните прашања и координацијата на нервните клетки може да биде разбрана само преку глиа клетките.

Додека има голема разлика помеѓу луѓето и мувите, невролошки и двата вида се креирани од мали клетки кои се поврзани заедно за да извршат задача. Научниците откриле дека токму глиа клетките се оние што ја надгледуваат конструкцијата, ги подобруваат бучните сигнали и испраќаат пораки помеѓу мрежницата и оптичките делови во мозокот за да предизвикаат одредени промени. Не е сосема јасно зошто овие клетки имаат толку многу важна улога, особено бидејќи невроните поврзуваат различни структури и можат самите да пренесуваат сигнали. Сепак, научниците сметаат дека глиа клетките помагаат во осигурување на потребните промени во оптичките делови на мозокот, откако правилните поврзувања ќе бидат постигнати.

Човековиот мозок никогаш не бил докрај анализиран, па ова откритие е еден чекор напред во осознавање на овој неверојатен орган.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука