Алекс Оркин од Велика Британија реши да седне во најмалиот автомобил на светот и да ја помине земјата по целата должина.
Неговото патување започна на 20 ноември, а ќе му бидат потребни две до три недели да помине 1.400 километри.
Автомобилот наречен „пил П50“ е долг 137 сантиметри и висок 120 сантиметри. Тежи 59 килограми и може да достигне брзина од 56 километри на час.
Оркин го почнал овој подвиг за да собере пари за хуманитарни цели, а досега има собрано речиси 8.000 долари.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/BBC