X
 25.12.2022 Живот

35 отсто од жителите на оваа азиска земја велат дека никогаш повеќе нема да патуваат

Се чини дека сите патуваат. Податоците покажуваат дека луѓето патуваат почесто и на подолги временски периоди, а многумина веќе прават список со патувања што би сакале да ги направат за следната година.

Но, ова не е реалност за секого.

Оваа втора група на луѓе тивко излегува од пандемијата со мал или никаков интерес за патување.

Од каде се овие патници кои велат „никогаш повеќе патување“?


Истражувањето на 16.000 возрасни лица во 15 земји од глобалната разузнавачка компанија „Морнинг консалт“ покажа дека Азија е дом на најголем процент на луѓе кои рекле дека никогаш повеќе нема да патуваат.

Околу 15 отсто од Јужнокорејците и 14 отсто од Кинезите рекле дека никогаш повеќе нема да патуваат, според извештајот „Состојба на патување и угостителство“ на „Морнинг консалт“ објавен во август.

Северна Америка не е далеку зад нив, со 14 отсто од Американците и 11 отсто од мексиканските испитаници кои го истакнуваат истиот став. Сепак, ниту една земја не беше блиску до неподготвеноста за патување што ја покажа Јапонија, каде што околу 35 отсто од испитаниците рекоа дека немаат намера повторно да патуваат.

Истражувањето поставило прашања за „какво било патување во слободното време“ и не правело разлика помеѓу домашни или меѓународни планови за патување, вели Линдзи Роешке, аналитичар за патувања и угостителство.

Испитаниците биле анкетирани двапати оваа година: во април и во јули. За тоа време, довербата се зголемила меѓу други јапонски испитаници, вклучително и оние што рекле дека планираат да патуваат во следните три месеци (+7 поени), како и следните 12 месеци (+4 поени).

- Но, во двете истражувања бројот на „никогаш повеќе патници“ остана ист во Јапонија - рече Роешке, додавајќи дека дури и со зголемените намери за патување, статистиката на Јапонија останува далеку зад другите земји, вклучително и оние во Северна Азија.

Околу 45 отсто од јапонските испитаници изјавиле дека имаат намера да патуваат следната година, во споредба со 65 отсто во Кина и 66 отсто во Јужна Кореја, покажа истражувањето. Спротивно на тоа, 77 отсто од испитаниците во Германија изјавиле дека планираат да патуваат во следните 12 месеци.

patuvanje
Фото: Freepik

Аверзијата кон ризикот е главниот предизвикувач за останување дома


Многу нации доживеаја експлозија во патувањето поради зголемената побарувачка, а прекуграничните резервации за патувања се зголемија по повторното отворање на границите. Но, одговорот на Јапонија на повторното отворање беше во најдобар случај млак.

Многу жители не сакаат да одат во странство и избираат да патуваат во земјата, вели Даи Мијамото, основач на туристичката агенција „Џапан локалајзд“.

Хидеки Фуруја, професор на јапонскиот Универзитет „Тоџо“ кој го проучува туристичкото однесување, рече дека една од причините е тоа што културата претпочита одбивност кон ризик. Тој рече дека притисокот од другите, исто така, ќе ги задржи патниците блиску до дома ако ризикот од заразување со ковид-19 е висок.

Тецуја Ханада, управен директор на компанијата за храна и патувања „Табимори инк“, рече дека верува оти финансиите и понатаму се поголем фактор.

Нема место како дома

Неподготвеноста да се напушти Јапонија не е новост. Во 2019 година само 23 отсто од јапонските граѓани имале пасоши - најниска стапка меѓу земјите од Г7.

По порастот на меѓународните патувања во 70-тите и 80-тите, бројот на јапонски државјани кои патуваат во странство во голема мера стагнира од средината на 90-тите, според статистичките податоци на Јапонската национална туристичка организација.

Приближно ист број јапонски граѓани патувале во странство во 2000 и 2017 година - околу 18 милиони - и покрај тоа што таа временска рамка беше период на неверојатен раст на меѓународните патувања низ светот.

- Јазичната бариера и недостигот на последователни одмори се некои од причините зошто се претпочитаат домашните патувања - рече Фуруја, додавајќи дека работното опкружување што го отежнува земањето на платеното време е уште еден фактор.

Тој, исто така, ја наведе привлечноста на јапонската природа, историјата и културата на Јапонија како дополнителни стимулации за туристите да останат блиску до дома. Ова ќе изврши дополнителен притисок врз дестинациите кои се популарни меѓу јапонските туристи, а тоа се Тајван, Јужна Кореја и Хаваи.

Но, Ханада рече дека со текот на времето јапонските граѓани веројатно повторно ќе почнат да патуваат.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот