Жените и мажите различно поминуваат преку прекинување на врската, велат истражувачите на универзитетот „Binghamton“ и Универзитетскиот колеџ „Лондон“. Истражувањето дава нов поглед на стереотипот дека мажите се емиционално посилни.
„Едноставно кажано, жените еволуирале да вложат многу повеќе во една врска отколку мажите“ вели Крег Морис,
автор на истражувањето.
Меѓутоа, иако жените се поповредени по крајот на врската, на мажите им е потребно подолго време за да ги почувствуваат ефектите. Мажите ги чувствуваат овие ефекти подолго отколку жените, покажува истражувањето.
Причината поради која жените се погодени повеќе на почетокот е влогот кој го оставаат во врската. Од друга страна, мажите не ги чувствуваат ефектите веднаш поради обратната причина - тие помалку вложуваат, покажуваат истражувачите.
Во истражувањето учествувале речиси 6.000 луѓе од 96 различни земји на возраст до 27 години.
„Со подобро разбирање на овие емоционални и физички ефекти можеби може да најдеме начин за намалување на истите кај индивидуалците кои страдаат најмногу“, изјави Морис.