X
 14.11.2018 Живот

Достоевски за љубовта: „Да се сакаат луѓето такви какви што се е невозможно, но мора да го правиме тоа!“

Достоевски е познат како еден од првите претставници на психолошкиот реализам во европската литература, а неговите мисли за луѓето и за односите секогаш носат посебна тежина. Но, се чини дека не верувал во вистинска и безусловна љубов.

- Може да се сака само скриен, невидлив човек. Штом ќе го покаже своето лице, љубовта исчезнува. Да се сака човек воопшто - значи сигурно да се презира, а понекогаш и да се мрази вистинскиот човек, што е тука покрај нас. Колку повеќе го сакам човештвото, толку повеќе ги мразам поединците. За мене е невозможно макар и два дена да живеам во една просторија со друг човек - пишува Достоевски.

Често се цитирани неговите зборови од романот „Младичот“ како брутално „упатство за љубовта“ кон другите.

Да се сакаат луѓето такви какви што се, тоа е невозможно.

А сепак мора да се прави тоа.

И затоа, кога им правиш добро, стегни го срцето, затни го носот и затвори ги очите (ова последново е неопходно).

Поднеси го злото од нив, не лути им се, ако можеш, сети се дека и ти си човек.

Секако дека мораш да бидеш строг со нив, ако ти е дадено да бидеш попаметен од просекот.

Луѓето по природа се ниски и се подготвени да сакаат од страв; не предавај ѝ се на таквата љубов и не престанувај да презираш.

Научи да ги презираш луѓето дури и кога се добри затоа што тогаш најмногу се ’рѓави.

Да го љубиш ближниот свој, а да не го презираш – тоа е невозможно.

И љубовта кон човештвото треба да се сфати единствено како љубов кон она човештво кое самиот си го создал во својата душа. Со други зборови, самиот си се создал себеси, како и љубовта кон самиот себе и кога тоа никогаш нема ни да се случи во реалност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот