Професорка во училиште во Њујорк без формална медицинска квалификација е уапсена поради вакцинирање ученик против ковид-19.
Полицијата вели дека Лора Русо му ја ставила дозата во нејзиниот дом и покрај тоа што немала законско овластување да става вакцини или согласност од родителите на момчето.
54-годишната Русо, која предава биологија, била притворена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена, може да се соочи со четири години затвор.
Наводно, 17-годишното момче сакало да се вакцинира.
Вакцините можат да бидат опасни ако се стават неправилно. Лекарите и лиценцираните медицински работници треба да потврдат дека вакцината не е лажна или не ѝ е истечен рокот. Исто така, лекарите треба да ја знаат медицинската историја на пациентите и да се следи нивната реакција по вакцината.
Полицијата вели дека не е јасно како г-ѓа Русо успеала да ја најде вакцината, или од кој произведувач е. Во моментов, единствено вакцината „Фајзер“ е овластена за Американци под 18 години.
Видеото од инцидентот во Лонг Ајленд ја покажува Русо како му вели на тинејџерот: - Ќе бидеш добро, се надевам.
Официјални лица велат дека родителите на момчето повикале полиција откако тоа им кажало што се случило.
Извор:
BBC
Фото: CBS