Научниците тестирале специјална вакцина која му помага на телото да се бори против ширењето на ракот на мозокот. Ова е прво тестирање на ваква вакцина досега.
На вакцината работеле
истражувачи од Германскиот истражувачки центар за рак ДФКЗ, кои создале почетна верзија од вакцина која би можела да поттикне имунолошка реакција во мозочното ткиво заболено од рак. Некои тумори на мозокот што не се лекуваат може да се шират низ мозокот и да го отежнат вадењето, а не реагираат на хемотерапија или радиотерапија.
Фото: Pixabay
Меѓутоа, овие тумори веројатно имаат уникатна мутација во генот кој предизвикува промени во специјален протеин кои може да бидат препознаени од имунолошкиот систем. Новата вакцина би имала цел да предизвика имунолошка реакција во овие делови, објаснува Мајкл Платен од ДФКЗ.
Истражувачите го тестирале третманот на 33 пациенти во Германија и засега не биле забележани несакани ефекти. Околу 93% од пациентите добро реагирале на вакцините, а 84% од вакцинираните пациенти живееле повеќе од три години по третманот.
Фото: Pixabay
Сепак, Платен додава дека не може да се покаже ефикасноста на вакцината бидејќи тестирањето не било направено со контролна група. Во следната фаза истражувачите планираат да ја комбинираат вакцината со третман кој вклучува специјална имунотерапија.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com