X
 05.02.2020 Наука

Пепелниците полни со догорчиња се опасни за здравјето

Најновите истражувања покажуваат дека и откако ќе бидат целосно изгаснати, цигарите преку филтрите и натаму во воздухот емитуваат 14 проценти од никотинот што го „произведува“ употребената цигара.

Анализата на Американската агенција а храна и лекарства (FDA), објавена во списанието „International Journal of Indoor Environment and Health“, откри дека високи концентрации на никотин и триацетин – пластификатор во филтрите на цигарите, сè уште можат да бидат откриени во воздухот во затворени простории, дури пет дена подоцна.

- Апсолутно бев изненаден. Бројот на штетни материи е значителен и во пепелниците полни со догорчиња во автомобилите и затворените простории бидејќи и натаму претставува голема опасност за здравјето на луѓето - изјави експертот за животна средина Дастин Попендик од американскиот Национален институт за стандарди и технологии (NIST).

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука