X
 23.01.2022 Живот

Што сакаат работниците: Американците и Јапонците сакаат добра плата, а Французите интересна работа

Што навистина сакаат работниците на работа? Одговорот делумно зависи од тоа од каде се тие, според глобалното истражување на „Беин & Ко“.

Американците и Јапонците бараат добра плата и бенефиции, додека заработката е помалку важна за Французите, кои сакаат интересна работа. Бразилските и нигериските работници бараат можности за учење, додека оние во Индонезија го ценат добриот однос со соработниците.

Кинеските баратели на работа бараат компанија која ги инспирира, а Германците копнеат по сигурност на работното место. Податоците, собрани од 20.000 работници во 10 земји, доаѓаат во време кога Американците ги напуштаат своите работни места во рекорден број, а работодавците ширум светот се борат со пандемијата и последиците.

– Компаниите кои нема да ги научат „новите правила“ на пазарот на трудот би можеле да се соочат со заминување на вработените, колапс на корпоративната култура и изгубени можности, па затоа е поважно од кога било да се внимава што сакаат работниците – изјави партнерот на компанијата, Ендрју Шведел.

Тој исто така вели дека е импресивно да се видат различните потреби, желби и мотивации кај работниците.

- Мора да избегнуваме големи генерализации за тоа што сакаат работниците, помалку се работи за една големина што им одговара на сите. Луѓето сакаат повеќе од работата што ја работат, а не само високи плати – посочува тој.

Сепак, парите остануваат водечка мотивација за работниците во САД и повеќето други земји, според ова глобално истражување, кое исто така покажа дека повеќе од половина од сите работници сега ја преиспитуваат рамнотежата помеѓу работата и животот.

Имено, повеќе од 25 отсто од работниците во Америка ја промениле својата компанија во првата година од пандемијата, а повеќето биле вработени во малопродажба, производство и здравствена заштита.

Потсетуваме дека и генерацијата З има свои „посебни барања“, а за нив, на пример, платата е многу важна ставка, додека поволностите се на второ место.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот