Еден од едукаторите во „Бибиверзум“ е и Владанка Димитрова-Урошева, професор по одделенска настава.
Насмеаната, позитивна и креативна наставничка вели дека „Светот на Биби“ и „Бибиверзум“ се големо освежување во насока на едукација на модерен и интересен начин на младата популација.
- Ликовите го претставуваат учењето на забавен начин и како такви се интересни и прифатени од децата. Бидејќи се сметам себеси за модерен и креативен наставник, се пронаоѓам во замислата на едукација преку игра. Како едукатор, овозможено ми е да применувам многу современи и интерактивни алатки и да влијаам врз формирањето модерна, самоуверена и хумана млада личност - вели Владанка.