X
 05.03.2023 Образование

Швајцарските универзитети планираат да примат помалку странски студенти

Два федерални технолошки институти во Швајцарија размислуваат за ограничување на бројот на странски студенти и менување на критериумите за запишување. Студентите од странство ќе мора да имаат одреден академски успех за да бидат примени на швајцарските универзитети.

Швајцарскиот федерален институт по технологија во Цирих (ЕТХ Цирих) и Швајцарскиот федерален институт по технологија во Лозана (ЕПФЛ) размислуваат за ограничување на бројот на странски студенти и промена на критериумите за прием. Освен тоа, би можело да се воведе и зголемување на студентската партиципација за странските студенти.

Овие промени треба да се дискутираат помеѓу претставници на институциите во првата половина од март. Швајцарија планира да го намали буџетот во образованието и во други сектори од следната година.

Според податоци од државната статистичка агенција, бројот на студенти на универзитетите во Швајцарија се зголемил двојно од 2000 година. Според видот на универзитети, околу 10,5 отсто од студентите на универзитетите за педагошко образование се странци. На универзитетите по технолошки науки, 32,7 отсто од студентите се странци, а на универзитетите за применети науки 20 отсто од студентите се странци.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование