Еден професор на кој му здодеало студентите да ги користат мобилните телефони за барање на одговорите и мамење на факултетските испити смислил начин како да ги фати нечесните студенти.
Студент на машински факултет раскажал за случката на социјалната платформа „Редит“. Како што објаснил тој, професорот поставил задача која е невозможна за решавање на испитот. Околу еден месец пред испитот тој наговорил помошник да го постави прашањето на социјалните мрежи. Потоа, професорот отворил профил и погрешно го одговорил прашањето.
Одговорот на прв поглед изгледал точно, но е фундаментално грешен и малку било веројатно дека некој самостојно би ги направил истите претпоставки, објаснил студентот.
Од 99 студенти, 14 наседнале на трикот и го дале одговорот напишан од нивниот професор на интернет.
Сите тие добиле 0 поени и биле пријавени за мамење на испит. Другите професори ги добиле имињата на овие студенти. Студентите што не мамеле ги добиле сите поени за лажното прашање.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Pixabay