X
 05.04.2020 Наука

Австралија почнува да ги враќа во природата коалите спасени од пожарите

Иако Австралија се соочува со пандемијата на коронавирус како и остатокот од светот, сепак, има добри вести поврзани со оваа земја. Првите коали што беа спасени од неодамнешните пожари се враќаат во дивината. Коалите што биле спасени изминатата година досега биле чувани во ветеринарни болници и зоолошки градини.



Фото: Pixabay

Сезоната на пожари во Австралија официјално заврши на 31 март, па спасувачите почнале да ги враќаат овие животни во природата. Првите коали биле вратени од организацијата „Сајенс фор вајлдлајф“. Непрофитната организација вратила 12 коали во природата на 25 и 27 март. Овие коали биле спасени во декември, а во меѓувреме биле чувани во зоолошка градина во Сиднеј.

Според Кели Леј, извршен директор на организацијата, неодамнешните дождови помогнале шумите побрзо да растат, а со тоа и коалите да имаат доволно храна. Вработените во организацијата ќе продолжат да ги следат коалите преку радиосистеми.


Фото: Pixabay

Коалите се пуштаат во природата и во други делови од земјата. Болница за коали во близина на Сиднеј планира да пушти 26 коали во следните денови.

Последната сезона на пожари во Австралија речиси двојно го зголеми испуштањето на штетни гасови во атмосферата.

Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука