Кинескиот гигант „Алибаба“ се проширува во Австралија и Нов Зеланд. Отворена е првата канцеларија во регионот на Мелбурн.
Основачот на компанијата Џек Ма, истакнал дека Австралија била неговата следна цел и навистина се воодушевува на Австралија и Нов Зеланд во врска со нивната заштита на животната средина. Тој смета дека животната средина во Кина страдала во изминатите декади – загаденоста е зголемена и е на високо ниво.
„
Алибаба“ е основана пред 18 години и тоа од тим од 18 луѓе, а сега има милиони клиенти и огромна продажба. Компанијата е онлајн пазар, како што е „eBay“, само во многу поголеми размери.
Во моментов, на платформата на „Алибаба“ има повеќе од 1.300 австралиски и новозеландски брендови.