X
 14.01.2020 Спорт

Тенисерка речиси колабира поради загадениот воздух во Австралија

Словенечката тенисерка Далила Јакупович беше принудена да се откаже од квалификацискиот натпревар на Австралија опен поради проблеми со дишењето предизвикани од загадувањето на воздухот од пожарите во Австралија.

Јакупович, 117. во светот, водеше со 1:0 и 5:6 во гемови во вториот сет кога почна да има тешкотии.

Подоцна била принудена да клекне на теренот, па дури и да плаче пред да го напушти теренот со помош на службените лица.

- Имав болка во градите во 9 часот. По 25 минути игра, добив нешто како напад на астма, а јас во принцип ја немам. Го повикав физиотерапевтот и се чувствував подобро. На крајот од вториот сет повторно го повикав со надеж дека повторно ќе се подобрам. Поените стануваа подолги и не можев да дишам. Јас сум лута и тажна. Повеќе сум тажна затоа што ја имав победата в раце, но не можев да го завршам тоа што беше започнато. Немам астма или проблеми со дишењето поради топлината. Беше многу лошо, не сум доживеала такво нешто. Бев многу исплашена. Се исплашив дека можам да паднам и затоа клекнав на теренот, не можев да направам чекор повеќе - рече 28-годишната Јакупович.

Нејзиното откажување доаѓа по само неколку часа откако директорот на турнирот, Крег Тили, ја бранеше својата одлука да продолжи со квалификациите. Првично тие беа одложени поради загадувањето на воздухот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт