Планетата Земја влезе во нова епоха наречена Антропоцена поради степенот на човечкото влијание врз планетата, велат експертите.
Меѓународна работна група формирана за да го разгледа изгласаното прашање дека Антропоцената е вистинска во геолошка смисла.
Топлата температура, повисоките нивоа на морето, пепелта од фосилните горива, пластичниот отпад, драматичното зголемување на ерозијата, ширењето на животинските видови низ светот и радиоактивните честички оставени од нуклеарната бомба ќе придонесат за трајни промени во карпите на Земјата, велат научниците. Тие сите размислуваат кој датум треба да биде избран за таканаречениот „Златен Спајк“ - линија во каменот кој ја означува границата помеѓу епохите Холоцен и Антропоцен, но веруваат дека треба да биде во средината на 20-от век.
Соопштението беше објавено на 35-тиот меѓународен геолошки конгрес во Јужна Африка. Нивната препорака треба да биде одобрена од Меѓународната унија за геолошки науки, со цел да биде официјално прогласена и да влезе во учебниците.
Во соопштението издадено од Лестер универзитетот за привремената препорака на работната група, вели: „Концептот на Антропоцен е геолошки реален“.
„Појавата е на доволно ниво да се смета како дел од меѓународната хроностратиграфичка табела, попозната како геолошка временска скала“.
Идејата дека светот влезе во една епоха дефинирана од луѓето за прв пат била предложена во 2000 година од научниците Пол Крутзен и Јуџин Стормер.
„Човечкото влијание остави видливи траги илјадници години, уште од почетокот на Холоценот. Сепак, најголемите промени се случуваат во средината на 20-от век. Промените на системот на земјата кои ја карактеризираат оваа епхоа вклучуваат означени забрзувања на стапката на ерозија и седиментација, големи хемиски пертурбурации на циклуси на јаглерод, азот, фосфор и други елементи, почетокот на значителна промена на глобалната клима и нивото на морето, како и биотските промени како што е невиденото ниво на инвазија на видовите низ Земјата.
Голем дел од овие промени се геолошки долготрајни, а некои се и ефикасно неповратни.
Овие и некои други поврзани процеси оставија низа на сигнали во последните неколку слоеви, вклучувајќи ја пластиката, алуминиумот и бетонските честички, вештачките радионуклиди, промените на јаглеродни и азотни модели на изотопи, летечките честички од пепелта и разни биолошки остатоци од фосили. Многу од овие сигнали ќе остават траен печат во слоевите на
Земјата“.
Д-р Колин Вотерс, секретар на работната група ги споредува промените направени од луѓето на Земјата со крајот на последното ледено доба пред околу 11.500 години, на почетокот на епохата.
„Во минатиот век имавме огромно влијание со кое ние ја оддалечивме планетата од нејзината природна осцилација и започнавме да го менуваме трендот за глобални температури од она што требаше да биде тренд на ладење и го пренасочивме во тренд на затоплување“, вели тој.
„Прво мислев дека научниците се иронични, меѓутоа сега гледам дека не е така. И тоа е страшно. Идејата за Антропоцена не е добредојдена. Треба да не' плаши, а научниците треба да ја презентираат како таква“, вели професорот Клајв Хамилтон од Чарлс Стурт универзитетот во Австралија.