Кога пред четири години Нада дошла во Истанбул сфатила дека постои едно нешто што најмногу ѝ недостигало: „Кога пристигнав, не можев да најдам ниту една книга на арапски. Не понесов со мене, а беше многу скапо да ги купам од странство“, вели таа.
Младата жена, која побегнала од конфликтот во Сирија, одлучила да преземи нешто. Таа ги добила првите 200 книги преку донации од странство и создала библиотека за позајмување книги, првично само за нејзините пријатели. Но кога тие ја охрабриле, таа ја проширила нејзината колекција и започнала да позајмува онлајн на други сириски бегалци. „Имам многу книги - романи, книги за самоусовршување, исламски книги, книги за деца, книги за психологија и историја“, вели Нада. За мала годишна претплата, семејствата на бегалците со ниски примања можат да прочитаат различни книги секоја недела во текот на целата година.
Фото: UNHCR
Турција моментално е домаќин на најголемата бегалска популација во светот, вклучувајќи повеќе од 3.5 милиони Сиријци кои избегале поради седумгодишниот конфликт во земјата. Повеќе од 90 отсто од бегалците живеат надвор од градовите и селата, во кампови.
Нада студирала психологија на Универзитетот Хом кога започнал конфликтот. Како што ситуацијата се влошувала, таа на крајот наишла на засолниште во Турција, пристигнувајќи сама, но решена да продолжи да ги следи соништата.
„Турција беше совршена земја за мене - модерна и отворена и прифатена со мојот хиџаб. Кога дојдов тука, вратите се отворија за мене. Би можела да студирам графички дизајн, да го започнам мојот проект со библиотеката“, вели таа.
На еден саем на книгата во Истанбул таа го запознала нејзиниот бизнис партнер и свршеник Мохамед, сириски бегалец од Дамаск, кој избегал во Турција во 2016 година. „Бев импресиониран кога слушнав за проектот со библиотеката, а бев импресиониран и со неа. Се заљубив“, вели Мохамед.
Фото: UNHCR
Со искуство во маркетинг, тој сега е одговорен за промовирање на онлајн библиотека и најновите надополнувања на нивниот бизнис. Минатата година парот отворил мала книжарница и кафуле во централниот дел на истанбулската населба Фатих, дома на многу сириски бегалци.
На крајот од минатата година нејзиниот бизнис добил грант од „UNHCR“, агенцијата за бегалци на ОН. Нада и Мухамед ги искористиле парите за да купат повеќе книги за библиотеката и да го објават својот прв производ - креативен дневник дизајниран од Нада.
Во соработка со Нада, „UNHCR“ имплементира програми за живот во Турција, вклучувајќи и активности за поттикнување и стимулирање на претприемништвото на бегалците. Грантовите и другите иницијативи за егзистенција се дизајнирани да им помогнат на бегалците да воспостават одржливи извори на приход со што ќе се намали нивната зависност од помош и ќе им овозможи да живеат попристоен живот за време на нивното иселување.
Нада е среќна што та аги следи нејзините амбиции во графичкиот дизајн, а истовремено заработува за живот и им дава светлина на животите на бегалците.
„Сиријците се добро образовани луѓе. Сакаат да читаат. Во Сирија имавме многу
книжарници, а потоа сè се смени. Овие луѓе се преселија од Сирија и нивните животи се различни тука, мораат да работат долго. Со нашиот проект ние придонесуваме и тие можат да читаат“, вели таа.