X
 26.09.2019 Живот

Земјотресот во Истанбул сруши минаре и тресеше висококатници

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, а по него следуваа повеќе афтершокови.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на околу 70 километри западно од Истанбул во Мраморното Море, јужно од градот Силиври.

Два земјотреса, речиси со иста јачина, пред два дена го погодија југозападниот дел на Истанбул, пренесе МИА.

Првиот земјотрес од 4,7 степени се случи околу 11 часот, на длабочина од околу 10 километри во Мраморното Море, а вториот на подрачјето Силиври.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија голем број снимки на кои може да се види колку всушност бил силен земјотресот. Тресење на цели згради, срушено минаре и луѓе по улиците се само дел од она што може да се види на интернет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот