Мексикански доктори тврдат дека две тела на вонземјани што неодамна беа прикажани во јавноста припаѓаат на еден скелет, кој не бил споен со коски од повеќе животински видови.
Докторите спроведоа повеќе лабораториски истражувања на остатоците откако повеќе академици, научници и археолози тврдеа дека телата не се автентични. Мумифицираните примероци беа изложени во стаклени садови и беа претставени пред мексиканскиот конгрес минатата недела.
Настанот бил воден од новинарот и истражувач Хаиме Маусан, кој тврдел дека речиси една третина од ДНК-та на примероците е непозната и телата не се дел од нашата еволуција. Тој открил дека примероците биле пронајдени во Перу и се проценува дека се стари 1.000 години.
- Овие примероци не се дел од нашата еволуциска историја на Земјата - изјавил Маусан пред конгресот.
Тие биле откриени во рудник и последователно биле фосилизирани. Ова не е првпат како Маусан тврди дека направил откритие за вонземјани. Во 2015 година тој тврдел дека било пронајдено мумифицирано тело во Перу кое му припаѓало на вонземјанин, но подоцна било заклучени дека тоа се остатоци од човечко дете.
Сепак, и покрај критиките за новите тврдења на Маусан, тестовите на мексиканските доктори покажале дека телата што неодамна беа претставени пред конгресот не се составени, односно коските на секое припаѓа на еден скелет.
Според Маусан, анализа на телата спроведена на Автономниот национален универзитет во Мексико покажала дека едно од телото има „јајца“ во внатрешноста. Мексиканските политичари изјавиле дека треба да се продолжи дискусијата за телата.
Извор:
Sky news
Насловна фотографија:
X (printscreen)