X
 05.05.2021 Култура

Толковниот речник на македонскиот јазик од денеска е достапен онлајн

По повод 5 Мај – Ден на македонскиот јазик, Владата ја промовира интерактивната платформа makedonski.gov.mk, на која е достапен онлајн, бесплатно, Толковниот речник на македонскиот јазик во шест тома.

Авторите и редакцијата на Речникот ги подготвија печатените 4.200 страници за електронското издание, откако по предлог на Советот за македонски јазик и на барање на Институтот за македонски јазик, Владата одлучи трајно да ги откупи материјалните права на составувачите на овој значаен лексикографски труд. Министерството за образование и наука ја операционализира одлуката, а Министерството за култура го стави онлајн-изданието на Толковниот речник во националната програма за „Годината на Конески“.

На 8 декември 2017 година, по повод Денот на св. Климент, со одлука на Владата беше промовирано достапно за јавноста електронско издание на Правописот на македонскиот јазик, кој исто така ќе биде достапен на новата платформа makedonski.gov.mk.
Денешната промоција е и во рамките на чествувувањето 100 години од раѓањето на Блаже Конески, што е и во календарот на УНЕСКО за меѓународни јубилеи во 2021, и во годината кога се одбележуваат 95 години од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874-1926) – патронот на Институтот за македонски јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура