Не станува збор за уметничко дело. Всушност, вие гледате „велосипедски гробишта“ на периферијата на Хангжу, Кина.
Фото: Getty images
Фотографиите направени од птичја перспектива покажуваат илјадници велосипеди. Велосипедите биле запленети од полицијата откако популарната програма на владата за делење велосипеди била преплавена од приватните технолошки компании.
Обично делењето велосипеди е благодат за екосвесните градови, но за Хангжу, со население од 9 милиони жители, овој концепт создал повеќе проблеми отколку што понудил решение.
Во 2008 година градот првпат ја понудил програмата вредна 24 милиони долари со цел да го намали загадувањето на воздухот. Локалните жители ги оставале автомобилите дома, ги зеле своите бесплатни велосипеди и ги возеле низ градот.
Програмата се покажала како голем успех за градот, овозможувајќи награди за транспорт и намалувајќи го загадувањето на воздухот, меѓутоа, сето тоа исчезнало откако приватните бизниси се обиделе да станат дел од програмата започнувајќи тренд со таканаречените „dockless“ велосипеди.
Наместо велосипедите што требало да бидат вратени, новите „dockless“ велосипеди можеле да се врзат каде било во градот, создавајќи погодна алтернатива за владините велосипеди.
Слично како апликациите за возење, како „GoGet“, секој што сакал да вози велосипед можел да го направи тоа со специјална апликација, код или комбинација за да го отклучи.
Иако новата идеја била популарна, апликацијата довела до илјадници велосипеди врзани насекаде низ градот.
Фото: Getty Images
Полицијата запленила повеќе од 23.000 велосипеди откако пристигнале голем број поплаки за велосипедите што го зазеле градот.
Иако полицијата и владата тешко и напорно работеле против овие
велосипеди, локалните медиуми пренесуваат дека тие продолжуваат да се појавуваат.