Вештачката интелигенција станува сѐ попаметна и попаметна - во рамките на овој век, истраувањата покажуваат дека компјутерската вештачка интелигенција може да биде „паметна“ колку еден човек.
„И тогаш, таа ќе преземе водството“, вели Ник Бостром. „Интелигенцијата на машините е последниот пронајдок кој човештвото имал потреба да го направи“, вели тој. Филозофот и технологот Бостром ни вели да размислиме добро за светот кој го градиме денес, управуван од страна на машини кои размислуваат. Дали нашите паметни машини ќе ни помогнат да го зачуваме човештвото и нашите вредности или тие ќе имаат сопствени вредности?