X
 19.04.2017 Технологија

Што ново да очекуваме од Фејсбук?

Фејсбук ја започна својата годишна конференција Ф8. Уште на почетокот извршниот директор Марк Цукерберг објави платформа за нова амбициозна зголемена реалност (AR) која ќе им овозможи на луѓето да постават дигитални фотографии и видеа на Фејсбук.

1
Фото: Фејсбук

„Ќе ја направиме камерата првата мејнстрим AR платформа“, изјави Цукерберг. Тој објасни дека самата платформа ќе се отвори во затворена бета, и тоа ќе им помогне на илјадници програмери од целиот свет да изградат уникатни филтри за камерата. Овие филтри евентуално ќе станат достапни за сите платформи вклучувајќи ги и Фејсбук и Инстаграм.

Еве што друго треба да знаете за зголемената реалност на Фејсбук.

1. Фејсбук знае точно каде се наоѓате

1
Фото: Фејсбук

Новите ефекти на камерата на Фејсбук прават многу повеќе од анализирање на информацијата која ја добиле од вашата камера. Новата AR платформа ќе им овозможи на девелоперите да добијат прецизни податоци за локацијата за да одлучи како се прикажани дигиталните слики.

Еден пример за тоа како ќе функционира ова е одреден ресторан. Вашите пријатели ќе можат да остават порака на менито со што ќе ви дадат до знаење кое јадење е најдобро, а кое најлошо, кога ќе ја подигнете камерата и ќе ја поставите на менито.

2. Фејсбук точно знае во што гледате

2
Фото: Фејсбук

Тука малку работите стануваа морничави. Фејсбук веќе знае и користи софтвер кој е прилично напреден кога станува збор за препознавање на предмети.

Ова значи дека ако сликате шолја кафе, Фејсбук ќе може да го детектира тој специфичен предмет и да понуди различни дигитални слики или ефекти врз основа на тој фактот.

Зошто е морничаво? Затоа што ова е уште еден начин преку кој Фејсбук извлекува информации од вашиот личен живот. Веќе знае за местата на кои излегувате, вестите кои ги читате и работите што ви се допаѓаат. Сега, преку користење на апликацијата за камера, Фејсбук ќе може да ја види собата каде што стоите и да детектира предмети.

3. Коментари на буквално сè

3
Фото: Фејсбук

Една од основните цели на новата платформа AR е тоа што ќе им овозможи на девелоперите да постават информациски картички дигитално во реалниот свет.

Овој тип на информациски картички би можел да биде од голема помош. Замислете дека можете да додадете коментар за буквално било кој предмет во реалниот свет, а вашите пријатели него да го видат подоцна.

4. Дигитални предмети во било кое опкружување

4
Фото: Фејсбук

Еден од најлудите елементи на платформата ќе им овозможи на девелоперите да додадат дигитални предмети во реалниот свет. Цукерберг го искористи Покемон Гоу како пример додека зборуваше, но напомена дека неговиот начин ќе биде многу пософистициран.

5. Мејнстримот на AR ќе биде прилично тешка битка

5
Фото: Фејсбук

И самиот Цукерберг признава дека неговиот план ќе потрае некое време. „Ќе биде потребно подолго време за планот да се развие. Вашето искуство нема да се промени преку ноќ“, изјави тој. „Со текот на времето, мислам дека ова ќе биде навистина важна технологија која ќе го промени начинот на кој ги користиме нашите телефони и технологијата, воопшто“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија