X
 05.06.2021 Живот

Кина гради идентична копија на „Титаник“

Опсесијата на Кина за копирање не се задржува само на производите. Сега во земјата се гради копија на бродот „Титаник“. Бродот се гради веќе шест години, односно подолго од вистинскиот „Титаник“, а за изградбата се искористени оригиналните скици од познатиот брод.

Кинеската компанија „Севн стар енерџи“ стои зад изградбата на бродот, кој чини 165 милиони долари. Планот е копијата да биде поставена во реката Јангцекјанг во провинцијата Сечуан. Компанијата очекува стотици илјадници посетители годишно да го посетуваат бродот.

Посетителите може да очекуваат да видат копија со сите најмали детали на оригиналниот брод. Инвеститорот Су Шаоџун бил мотивиран да го финансира проектот за да ги зачува спомените за „Титаник“. Тој открил и дека гостите ќе може да ноќеваат на бродот за 310 долари од вечер.


Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор: luxurylaunches.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот