X
 25.11.2017 Живот

Југословенскиот брод на духови што бесцелно лута по Атлантикот

Бродот го добил името по позната руска театарска актерка. Изграден е во 1976 година по нарачка на руската компанија „Фар истерн шипинг“ од Владивосток, која имала намера овој брод да биде главно превозно средство за екскурзии по Антарктикот. 

Изграден бил од челик, бродски мотори, содржел мебел и инсталации. Единствено нешто што барале Русите е навигациските уреди и комплетната опрема за кујната да бидат нивни. Зошто било така, не е познато.

Југословенскиот брод со години успешно пловел и во сурови услови, па издржал и бури и екстремно ниски температури, а своите задачи успешно ги извршувал до 2006 година. Поради долговите на сопственикот на компанијата од 251 илјада долари, бродот е задржан на пристаништето „Св. Џон“ во Њуфаундленд во 2010 година. Две години подоцна е продаден на компанијата „Нептун интернешнл шипинг“, која имала намера да го растури на делови. Компанијата требало да го префрли бродот до Доминиканската Република, па таму да се изврши поделувањето и можеби и продажба на деловите. Еден ден откако бродот е извлечен од пристаништето, се искинало сигурносното јаже. Екипажот безуспешно се обидувал повторно да го фати напуштениот брод, но високите бранови и тешките удари од ветрот ги спречиле.

Набрзо бродот се упатил во меѓународни води и од министерството за сообраќај од Канада изјавиле дека не е опасност за канадските компании. Во текот на претходните години е виден како бесцелно лута по Антлантикот, а британските таблоиди пренесуваат дека бродот е веројатно преполн со стаорци.
Бродот од југословенско производство бил тежок 4.000 тони, а можел да пренесе 110 патници и членови на екипаж.

Иако се мислело дека ова е бродот што пристигнал на крајбрежјето на Калифорнија, што звучи малку веројатно, утврдено е дека е речиси идентичен со бродот што пристигнал на крајбрежјето на Пацификот, а бил некогашна мафијашка коцкарница на вода, па не е поврзан со југословенскиот брод.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот