X
 05.07.2022 Живот

Ајфеловата кула може да се урне ако не се преземат мерки за санација

Од 2010 година Ајфеловата кула во Париз прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа може да се урне, пишува списанието „Маријан“ повикувајќи се на доверливи документи.

Се истакнува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба – на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот. Причината е што железото од кое е направена доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата опаѓа.

Во 2018 година почна 20. реновирање на кулата – за Олимпијадата во 2024, што вклучуваше чистење на една третина од структурата и нанесување два слоја нова боја за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата на коронавирусот, работата мораше да се одложи. Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само 5 отсто од Ајфеловата кула.

- Веројатно нема да падне изутрина, но навистина не е во многу добра состојба - изјави официјален претставник за весникот, кој претпочита да остане анонимен.
Фирмата „Сете“, која раководи со кулата, не сака да ја затвора подолг временски период поради поправки бидејќи тоа би довело до губење на приходите.

Ајфеловата кула е четвртото најпосетувано место во Париз, по „Дизниленд“, „Лувр“ и Версај.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот