X
 05.08.2019 Живот

Индија го воведува превозот на иднината

Една од најголемите индиски транзитни рути е планирано да биде унапредена и ќе премине на системот „хајперлуп“, во кој ќе бидат вложени 10 милијарди долари.

На потегот долг 117,5 километри, од Мумбај до Пуна, би требало да биде поставена првата транзитна „хајперлуп“ рута на светот, која ќе превезува патници за само 23 минути.

Регионалниот кабинет на провинцијата Махараштра го одобри проектот, со чија реализација годишно би се превезувале 75 милиони патници.

-Овој проект ќе го одбележи почетокот на новата ера во транспортниот сектор во целата земја - стои во официјалното соопштение.

„Хајперлуп“ е систем за превоз на луѓе и стока, кои во капсула патуваат со голема брзина низ подземни вакуумски цевки, движејќи се со огромна брзина.

Се очекува проектот да биде финансиран претежно од странски инвестиции, а компаниите „ДП Ворлд“ од Обединетите Арапски Емирати и „Вирџин Хајперлуп Уан“ од САД веќе се пријавија да учествуваат во проектот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот