X
 13.01.2023 Забава

Жители на Базел се враќаат од работа до дома пливајќи во реката Рајна

Повеќето луѓе се враќаат од работа до своите домови со автомобил, автобус или воз. Но, не и оние што живеат во швајцарскиот град Базел.

Имено, таму жителите едноставно пливаат во реката Рајна за да се вратат дома. Некои од нив тврдат дека на овој начин сакаат да се рекреираат по работа, а други сакаат да го избегнат сообраќајниот метеж во град во кој живеат околу 170.000 жители.

Во летните месеци жителите на Базел шетаат по улиците на градот со светли чанти во форма на риба. Таканаречената „викелфиш“ е водоотпорна торба која се користи за пакување на работите кога ќе одлучите да пливате низ Рајна.


Во близина на реката постојат мали кабини кои служат како соблекувални, а има и неколку тушеви и тоалети.

Моќната европска река во јули и во август е извор на забава за многу граѓани на овој швајцарски град на границата со Германија и Франција.


Често ќе видите бизнисмени кои ги соблекуваат костумите на брегот на Рајна, ги пакуваат во торбите и пливаат до дома.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава