X
 29.12.2018 Живот

Куќата на лавовите е највозбудливата понуда на „Ербиенби“

Во оваа куќа можете да живеете како вистински крал на животните и да престојувате на некој метар од дивите животни. „GG Conservation“ во Харисмит во Јужноафриканската Република на гостите им нуди единствено искуство - изнајмување на куќа со три соби, а наоколу кружат 77 лавови. Едно ноќевање чини 90 евра.

Сузан Скот е директорка на објектот и вели дека престојувањето во куќата е безбедно бидејќи наоколу има електрична ограда. Гостите можат да си прават скара додека во позадина може да се чуе рикањето на лавовите, но и црцорот на птиците. Сузан вели дека гостите се толку блиску до лавовите што можат одблизу да гледаат како се однесуваат животните.

Фото: Noizz

-Многу сте блиску, ве дели помалку од еден метар кога стоите покрај оградата. Ако сте на прагот или тремот, ве делат два метра. Имате чувство како да живеете со нив. Имотот каде што живееме е целосно опкружен со лавови - раскажува Сузан.

Резерватот е дом и за антилопи, зебри, ноеви и други животни.

Во куќата има три спални соби, камин, кујна, а има и интернет.

Надоместокот за букирање на „Ербиенби“ оди директно во фондот со кој Сузан и нејзините вработени се грижат за лавовите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот