X
 05.08.2023 Живот

Како тинејџерите од 1966 година ја замислувале иднината?

Британскиот Би-би-си во 1966 година прашал неколку тинејџери како го замислуваат 21 век. Сега тоа видео е многу популарно на „Тик-ток“. Во видеото некои од тинејџерите навистина прецизно предвиделе како ќе изгледа 21 век.

- Мислам дека ќе биде многу здодевно. Луѓето ќе бидат преморени. Нема да има ниту забава ниту ништо друго - кажала една тинејџерка.

Друг тинејџер зборувал за компјутерите.

- Како прво, компјутерите сега преземаат сè. Компјутерите и автоматизацијата. Во 2000 година едноставно нема да има доволно работни места и единствените работни места што ќе може да се најдат ќе бидат за луѓе со висок коефициент на интелигенција кои знаат да работат на компјутери и такви работи, а другите луѓе едноставно нема да имаат работа - кажал тој.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот