X
 05.08.2023 Економија

Португалија воведе евтин месечен билет за регионалните возови

Германија неодамна претстави евтин билет со кој жителите и туристите може да се возат со возовите и автобусите ширум земјата. Ова можеби наскоро ќе стане пракса во другите земји во Европа бидејќи Португалија најави сличен билет.

Португалија сега има месечна национална железничка пропусница која чини 49 евра и со која патниците може да ги користат речиси сите регионални возови. Оваа пропусница може да се купи од 1 август.

Билетот може да се користи за регионални возови, иако некои делови од земјата се исклучени од акцијата.

Пропусницата се купува со специјална картичка која се добива на билетарите низ земјата со лична карта или пасош и фотографија.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија