Новата академска 2016/2017 година.почнува денеска на универзитетите во Македонија. Прв академски час се одржува за новите студенти, а некои од факултетите присуствуваат и им се обраќаат ректорите и претставници од Министерството за образование и наука.
Никола Јанкуловски, кој вчера беше инаугуриран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), во Домот на АРМ.
Марта Арсовска-Томовска, министерка за информатичко општество и администрација им се обраќа на првиот час на студентите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, додека заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствува на свеченоста на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, заедно со ректорот на институцијата, Блажо Боев.
Предавање по повод првиот академски час ќе се одржи за питомците и студентите на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, а свеченост за новите студенти ќе има и на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) на која ќе присуствува ректорот, Вулнет Амети.