X
 28.01.2022 Живот

Откако ја сменивме градинката, нервозно се смее и ја гризе јаката на маицата. Дали да чекам само да му помине?

Имам 4,5-годишен син. Оди во градинка од својата прва година, но кога имаше три и пол години ја сменивме градинката. Секогаш кога ќе го прашам како поминал, ми одговара со „не знам“ и се смее нервозно. Тоа нервозно смеење му е одбранбен механизам, така прави кога нешто го повредило и не сака да покаже слабост. Како да му пристапам за да разберам како му поминал денот? Едно дете го задеваше, му реков секогаш кога има проблем да им кажува на воспитувачките. Пробав да разговарам со нив на таа тема, но не добив конкретно решение, туку нешто во стилот дека децата не сакајќи се задеваат во игра. Според нив, сè е во ред, нема проблеми. Но, од пред некој месец почна да ја џвака јаката на маицата, а кога беше поладно ги гризеше ракавите на блузата. Дали да го предупредувам да не прави така или да чекам да помине само од себе?

Одговорот на психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот