X
 05.09.2023 Живот

Општина Берово му даде 5.000 денари на секој средношколец од прва година

Родителите на учениците кои годинава се запишаа во прва година во Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ во Берово денеска добија по 5.000 денари на своите трансакциски сметки. Активноста, како што информираа од Општината, е со цел олеснување на трошоците на родителите на почетокот на учебната година.

- Како поддршка од локалната самоуправа, за покривање на трошоците, за купување школски прибор и други потребни работи за почетокот на учебната година, исплатени се по 5.000 денари, на вкупно 85 ученици во прва година - информираа од Општината.
Средствата, како што додаде беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, се дел од Програмата за социјална заштита за 2023 година.

- Овие средства имаат цел на почетокот на учебната година да бидат поддршка во семејниот буџет. Се надевам дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во претстојниот период, за родителите да им овозможат сѐ што им е потребно за среќен почеток на своите ученици. Со ова обезбедуваме подобри услови за учење за секое дете и враќање на парите назад кон граѓаните - рече Пекевски.
За реализација на оваа активност преку програмата за социјална заштита, од Буџетот на општина Берово за 2023 година, исплатени се вкупно 425.000 денари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот