X
 16.06.2020 Живот

Тинејџер кој 10 часа го чистел градот по протестите добил автомобил и стипендија во знак за благодарност

Средношколец од Бафало, Њујорк, се разочарал кога видел каква штета предизвикале протестите во неговиот роден град. Не губел време и се зафатил со чистење, па чистел цели 10 часа.

Антонио не размислувал многу - тој само сакал луѓето да немаат проблем наредниот ден кога ќе патуваат до работа.

Кога организираната екипа за расчистување пристигнала наредното утро, била пријатно изненадена - Антонио веќе завршил голем дел од работата.

Делото на Антонио се рашири брзо, па медиумите веднаш почнаа да известуваат за настанот.

Кога Мет Блок го видел прилогот, веднаш знаел што треба да направи со неговиот автомобил „мустанг“, од кој не сакал да се раздели.

- Не можев да се убедам да го продадам. Ова беше добар начин да се ослободам од него и да го добие некој што ќе го цени - изјави Мет.

Се покажало дека автомобилот имал многу поголемо значење за Антонио отколку што Мет можел да замисли. Мајката на Антонио, која починала во 2018 година, исто така возела црвен „мустанг“. Локален агент за осигурување ветил дека ќе ги покрие трошоците за осигурување на автомобилот во период од една година.

Пред случката Антонио планирал да посетува трговско училиште за да заштеди доволно пари за колеџ. Но, сега му била понудена целосна стипендија на колеџот „Медијал“.

- Буквално застанав и почнав да плачам - вели тој.


Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот